Episodes

6 days ago
6 days ago
19 епизода на „Труднички Муабети“, навлегува во една чувствителна, но значајна тема – репродуктивната загуба и справувањето со спонтан абортус. Моја соговорничка е Александра Петровска, лиценциран психолог и семеен психотерапевт, дел од И сега што? која ни помага да разбереме што претставува оваа загуба, зошто се случува и како влијае на менталното и емоционалното здравје на жената.
Ги отвораме прашањата за тоа како жените се носат со болката, зошто понекогаш е тешко да се зборува за оваа тема и каква поддршка може да им се понуди – од партнерите, семејството и околината.
Ги разгледуваме и достапните системи за помош, како и начини како жената да ја најде силата за нова бременост по вакво искуство.
Доколку сте се соочиле со ова или познавате некоја што минува низ ваков предизвик, оваа епизода носи емпатија, поддршка и стручни совети.

Friday Feb 14, 2025
Friday Feb 14, 2025
Во оваа епизода разговараме со Софија Спасов – ко-основач на ШТРК и prodavnica.shtrk.mk, дигитален дизајнер со мастер во маркетинг, но пред сè – мајка. Софија ја спојува креативноста со практичноста, градејќи бизнис кој поддржува одговорна потрошувачка и свесно родителство.
Во 25-та недела од нејзината втора бременост, таа ни открива како се менува перспективата со секоја нова бременост, кои стравови и предизвици ги носи мајчинството, како го балансира животот помеѓу работата и семејството и што значи да се биде современ родител.
Ќе зборуваме и за почетоците на ШТРК, за идејата зад платформата за купување веќе користени детски производи, реакциите на публиката, но и за улогата на партнерот во овој процес.
Доколку сте родител или размислувате за родителство, оваа епизода носи инспиративни, реални и корисни согледувања. Не ја пропуштајте! 🎧✨

Friday Feb 14, 2025
Труднички Муабети- Дишење и движење: Јога во бременост- Епизода 17
Friday Feb 14, 2025
Friday Feb 14, 2025
Драги трудници, во новата епизода на „Труднички Муабети“ разговараме за јогата во бременоста – зошто е толку корисна, како може да ви помогне да се чувствувате подобро физички и ментално со со Валентина Стојанова Ристоманов која случајно ја видов на еден лајв на инстаграм. Она што ме натера да ја поканам во најновата епизода на Труднички Муабети е моментот дека, освен што е сопруга, и мајка на две прекрасни дечиња, таа по струка е дипломирана медицинска сестра и сертифициран хата јога учител, која работи во своето студио. Дополнително, она што е интересно за Валентина е дека таа креирала две online јога програми, едната е online јога програма за почетници, но другата која мене особено ме заинтересира, а за која Валентина ќе рече дека е посебно горда е PRENATAL AND POSTNATAL YOGA програма.
Ако сакате да ја поминете бременоста со повеќе баланс и енергија, оваа епизода е за вас! Искористете го кодот ZORKA10 и нарачајте ја PRENATAL AND POSTNATAL YOGA програмата кај Валентина.

Tuesday Jun 25, 2024
Tuesday Jun 25, 2024
Во оваа епизода, посветена на најубавата љубовна врска меѓу мајката и новороденото бебе, на тема доење, не само како исхрана, туку и како покажување на љубов, зборувам со Наташа Цветановска Тодосовска, специјалист за доење, која може да се пофали со преку 190 часови специфична лактациска едукација и над 600 часови поминати во работа со семејства во последните две години. Наташа ја познавате преку профилот преку кој споделува знаење и нуди помош на оваа тема во вид на информации, курсеви, постови, а го носи името @doenje_so_ljubov.
Колку една мајка треба да знае или знае за процесот на доење, кои се најчестите предизвици со кои една жена се соочува додека дои, и каков вид на поддршка ни е потребен додека доиме, се само дел од прашањата чии одговор може да го преслушате во оваа епизода.

Wednesday Jun 12, 2024
Wednesday Jun 12, 2024
БОНУС ЕПИЗОДА: Разговарам со Анастасија Зафировска Панчевски, одговорна за програмата на Медела за производите кои го надополнуваат и олеснуваат процесот на доење. Со помош на она што го имаме кај нас, да создадеме чувство на сигурност кај новите мајки и доилки, дека опции и можности има, но за жал во целата таа бркотница последните недели, не размислуваме секогаш за сите опции кои ни се нудат.

Sunday Jun 02, 2024
Sunday Jun 02, 2024
Оваа епизода на Труднички муабети, третира една доста интересна тема, но и многу важна и тесно поврзана со психичкото здравје на бремената жена, иако овој пат ќе ги погледнеме работите од еден поинаков агол. Зборувам со Бојана Петровска или попозната како @moj_psiholog за периодот на бременост, раѓање но и мајчинство и директното влијание и присуство на партнерот, односно таткото во целиот тој процес и период.

Wednesday May 29, 2024
Труднички Муабети- Се што треба да знае трудницата за периодот на бременост- Епизода 14
Wednesday May 29, 2024
Wednesday May 29, 2024
Овој поткаст не би бил комплетен, ако во него не се појави и една гостинка чии совети вредат злато. За тоа е заслужна нејзината едукација и искуство- може да се пофали со над 10 години работа како признаена мастер акушерка во Германија- Акушерка Николина Ралевски, се грижи за бремени жени, чинот на раѓање и постпартум период. Ќе ни одговори на прашањата: кој триместар во бременоста носи најмногу предизвици? Кои се најголемите стравови на трудниците? И кога е вистинско време идната мајка да почне со подготовките за најважната средба- пораѓајот?

Monday May 27, 2024
Monday May 27, 2024
Епизода број 13 е резервирана за една многу важна тема која ја разговаравме со Др. Бојан Ангеловски, стоматолог, специјалист по детска и превентивна стоматологија, ни даде многу совети за грижата на забите во бременоста, но и неколку насоки околу грижата на запчињата кај бебињата, па да имаме важни информации со кои би ја стартувале грижата за оралното здравје. Дали секоја бременост ја чини трудницата по еден заб? И смееме ли да правиме ренген снимка во бременоста? Кога е време за првиот стоматолошки преглед на бебето и дали цуцлите лажливки се штетни или корисни? Разговор кој ќе сакате да го преслушате неколкупати или да го препратите на најблиските пријателки.

Wednesday May 22, 2024
Труднички муабети- #МојатаПриказна со Илина Пејоска Затуроски- Епизода 12
Wednesday May 22, 2024
Wednesday May 22, 2024
Мојот денешен гостин во поткастот Труднички Муабети е Илина Пејоска Затуроски, на многу од Вас позната, и како лик но и како глас и како личност која создава, креира, функционира, личност која води свој бизнис, но е и многу активна на социјалните мрежи.
Она што ме воодушевува, кога ја следам е дека несебично споделува и свои лични искуства, искрено и без маски. Во моментов ја ужива својата втора бременост, и гласно зборува за предизвиците со кој се соочува во моментов, а инспирација за прашања најдов во нејзините многу искрени последни постови на инстаграм.
Искрено и многу отворено за својата приказна, преслушајте ја Илина.

Wednesday May 01, 2024
Труднички муабети- Бременост со хипермезис гравидарум (ХГ) - Епизода 11
Wednesday May 01, 2024
Wednesday May 01, 2024
Што е тоа хипермезис гравидарум? Каква е таа состојба во бременоста? И со кои се предизвици се соочува една жена, по патот да се реализира како мајка? Оваа приказна од бременоста, е малку поинаква, ова е приказна која ќе не освести на едно друго ниво, патување низ бременоста кое има намера да инспирира, да извести и доколку сте во слична ситуација да ви даде сила и мотивација да ги пребродите и оние моменти кога мислите дека е невозномжно. Моја соговорничка е Ангела Костовска, која несебично ја сподели својата приказна, со цел да им помогне на многу идни мајки, да се мотивираат дека се е возможно, ако силно веруваш во себе!
Прекрасни 30 минути разговор во најновата епизода на Труднички Муабети!