Episodes

Monday Apr 29, 2024
Monday Apr 29, 2024
Секоја бременост но и секое растење на бебето во детенце, е предизвик сам по себе. Навистина, понекогаш потребна ни е многу сила, мотивација и верба, да се убедиме себеси дека е во ред и дека се ќе постигнеме. Но што кога по раѓањето на првото бебе, наскоро, доаѓа веднаш и уште едно?
На оваа тема, моја соговорничка, овој пат беше Анастасија Илиевска која е наш ТВ лик и мајка која инспирира, ужива и креира содржина на социјалните мрежи. Таа најискрено ја сподели својата трудничка приказна, направи компарација, ни откри што и помагало во текот на бременоста и ни ги откри своите гледишта и начини како да се решат предизвиците кога временски двете бремености се близу една до друга.

Monday Apr 22, 2024
Труднички муабети- Компликации во бременоста- Епизода 09
Monday Apr 22, 2024
Monday Apr 22, 2024
Можеме ли да бидеме подготвени за она што ни следува? А што ако не тече се по планот? И што кога ќе се јават компликации?
На оваа тема зборувам со Елена Џебр, дипломиран психолог, психотерапефт која активно работи, говори, мотивира и креира.

Sunday Apr 21, 2024
Sunday Apr 21, 2024
Во осмата епизода од серијалот Труднички Муабети, зборуваме за шминката, негата на лицето, но и телото, а денешната соговорничка Бојана Делидинкова несебично сподели и многу моменти од својата бременост, освен што не советуваше и на што да внимаваме, кога е негата во прашање, а што слободно да уживаме. Прекрасен 40 минутен разговор во кој Бојана ни открива несебично за најмагчните моменти во бременоста, кои и биле омилените производи додека ја очеквала највозбудливата средба во животот и одговор на прашањето, колку треба секој трудница да го чита составот на секој производ?

Thursday Apr 18, 2024
Труднички муабети- #МојатаПриказна со Александра Пренџова- Епизода 07
Thursday Apr 18, 2024
Thursday Apr 18, 2024
Седмата епизода на Труднички Муабети посветена на периодот од бременоста и сите згоди и незгоди на Александра Пренџова. Ја знаеме од инстаграм, каде често споделува преслатки фотографии, совети и дечиња од нејзиното секојдневие. Секогаш оргинална, поинаква и уникатна, преслушајте ја Александра во #МојатаПриказна од бременоста

Sunday Mar 31, 2024
Труднички муабети- #МојатаПриказна со Сандра Малетски- Епизода 06
Sunday Mar 31, 2024
Sunday Mar 31, 2024
Ако сакате и следите профили полни љубов, позитивни вибрации, патувања, организација, среќни семејства и мајки, чии дух не мирува и постојано е во потрага по совршен декор во домот, сигурна сум дека сте налетале односно дека ја следите Сандра Малет, односно Сандра Малетски на инстаграм. Имав навистина голема желба да ја поканам и да поразговараме за најмагичниот период од нејзиниот живот, во поткастот Труднички Муабети, а прифаќањето на поканата ептен ме израдува и еве денес, конечно најдовме 5 минути слободно време, за 30-тина минути да се помуабетиме.

Tuesday Mar 26, 2024
Труднички муабети- Подготовка на поголемкото дете за бебето што доаѓа-Епизода 05
Tuesday Mar 26, 2024
Tuesday Mar 26, 2024
Втората бременост е добра вест. Сепак, можно е кога ќе дознаете дека сте бремена по втор пат, прво да се загрижите, бидејќи не знаете како ќе реагира вашето прво дете. Доаѓањето на неочекуван помлад брат или сестра не мора да биде трауматично искуство за вашето прво дете. Но дали секогаш е така?
Денес разговарам со една интересна соговорничка, чија втора бременост сите ја следевме и уживавме, низ бајковитите фотографии кој таа ни ги споделуваше на социјалните мрежи. Жена која е активна во секое поле и на која многу жени се огледуваат или пак им помага да се мотивираат за да продолжат напред. Дoлго време е ативна и на подкаст сцената, а нејзиниот глас сигутно ќе го познаете. Дизајнер, мајка, сопруга, сопственик на мал бизнис, мотиватор, поткастер и прекрасна соговорничка- Моника Зец.

Friday Feb 02, 2024
Труднички муабети- Домашните миленици и бременоста- Епизода 04
Friday Feb 02, 2024
Friday Feb 02, 2024
Разговараме со Александра за улогата на домашните миленици, поконкретно за кучињата во домот, во текот на брменоста, но и откако бебето ќе стаса дома. Низ нејзиното искуство, детално ќе ви опише, колку е значајна улогата на миленикот во домот и како да се обидете да воспоставите беспрекорен баланс, на што да се внимава и како таа ги поминала трудничките денови заедно со Нала. Каква била првата средба на нејзиното милениче и бебето?
Верувам дека овој подкаст ќе одговори на многу Ваши прашања!

Monday Jan 29, 2024
Труднички муабети- Поддршката на таткото во бременоста- Епизода 03
Monday Jan 29, 2024
Monday Jan 29, 2024
Разговараме за улогата на таткото во бременоста со Сандра, Сертифициран едукатор за породување & дула.
Некако кога ќе дознаеме дека некоја жена е бремена целиот фокус оди кон неа. Во оваа фаза, како и во текот на целата бременост, на жената и се потребни помош и поддршка, како физичка, така и емоционална.
Кога партнерот е најпотребен и колку е важно да е присутен во чинот на породување?
БОНУС: Искористете го кодот "Code15" за попуст при купување на програмите на Сандра на веб страната www.mamma.mk

Friday Jan 26, 2024
Труднички муабети- Депресија во бременоста- Епизода 02
Friday Jan 26, 2024
Friday Jan 26, 2024
Постои ли предродилна депресија/депресија во бременост? Колкав процент на жени се соочени со овој проблем?
На оваа тема зборувам со Елена Џебр, дипломиран психолог, психотерапефт која активно работи, говори, мотивира и креира. Па ја прашав, што ја поттикнува депресијата во бременоста? И како да се справиме со неа имајќи предвид дека сепак се работи за период на бременост?

Tuesday Jan 23, 2024
Труднички муабети- Соништа во бременоста- Епизода 01
Tuesday Jan 23, 2024
Tuesday Jan 23, 2024
Епизода 1 во Труднички Муабети гостуваше Леа Ризанова, вам позната како #ДомасоЛеа, зборувавме на тема: Зошто трудниците сонуваат толку многу соништа, која е научната позадина на сето ова и кога завршува оваа состојба.